Пронајден и уапсен возачот на хондата кој слета во река кај Пожега

by Fokus

Хрватската полиција го пронајде и приведе е 37-годишен маж кој викендов направи сообраќајна несреќа, слетувајќи со својата „хонда“ во реката Величанка кај Пожега.

Пронајден е, како што потврдуваат од полицијата, околу 12:30 часот во околината на Радованци кај Велика, исто така недалеку од Пожега.

37-годишникот е приведен во полициските простории, а следува понатамошна кривична истрага поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Предизвикување сообраќајна незгода во патниот сообраќај“ и „Неукажување помош“, пренесоа хрватските медиуми.

Според неофицијални информации, полицијата го затекнала како се движел по локален пат. Веднаш бил уапсен и приведен за кривична истрага. Деновиве можело да се слушне дека се криел во околните куќи, јави Н1.

Полицијата сега проверува дали некој му помогнал да избега. По апсењето тој е однесен на лекарски преглед бидејќи во неделата доживеал сообраќајна несреќа.

Несреќата во која учествуваше овој 37-годишник се случи во неделата наутро на патот Пожега-Михаљевац. По судир со автомобил „поло“, неговата „хонда“ со германски регистарски таблички завршила во Величанка река, а потоа му се губи секаква трага на возачот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 30-годишниот сопатник, маж кој наводно 37-годишникот го повезол бидејќи стопирал покрај патот. Тој бил спасен од возачи кои дошле веднаш по судирот. Возачот на „поло“ во кој удри Хонда е полесно повреден.

Полицијата од Пожега-Славонска рекоа дека уапсениот 37-годишен маж, кој бил на привремена работа во Германија во неделата наутро поради несоодветна брзина преминал со своето возило на спротивната сообраќајна лента, и со предниот лев дел удрил во предниот лев дел од „полото“ управувано од 70-годишен човек.

Поврзани новости