781
Во семеен дом на улица „Партизанска“ во Крушево вчера попладне бил пронајден експлозив.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, вчера во 16:30 часот во Полициска станица Крушево, М.Р.(64) од Словенија пријавила дека во семејниот дом на ул.„Партизанска“, во сопственост на нејзиниот починат брат Р.М. од Крушево, пронашла експлозив.
За настанот е известена Дирекцијата за заштита и спасување. Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денот.