Промоција на четвртото издание на ЈУ Рок Енциклопедија во Скопје и во Куманово

by fokus

Во организација на Српскиот културно-информативен центар Спона, на 3-ти јуни (понеделник, 20 часот) ќе се одржи промоција на четвртото издание на екс ЈУ Рок Енциклопедија, на авторот Петар Јањатовиќ.

Во присуство на авторот, ќе се зборува и за музичката литература во регионот, воопшто, за најновите биографски книги објавени на овие простори, а програмата предвидува таа вечер во еден дел да биде и вечер на ЈУ Рок поезија, бидејќи ќе биде промовирано и новото издание на збирка на ЈУ Рок поезија – Песме братства, детињства и потомства, на истиот автор.

Југословенска рок поезија ќе ја чита професорката Татјана Алексиќ, додека модератор на програмата ќе биде новинарот Иван Беќковиќ. Следниот ден (вторник, 4-ти јуни) во 19 часот, истата програма ќе биде репризирана во Podroom bar во Куманово.

Вики Клинчарова

 

Поврзани новости