Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и појава на ретки грмежи.
Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 18 степени.
И во четврток времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.
Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град, краткотрајно во форма на невреме.
Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 km/h).
Во петок и сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата.
Од недела повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и појава на невреме.