Во организација на Прокредит Банка Македонија денес се оддржа еко-бизнис настан кој има за цел да придонесе кон зголемување на свесноста за електромобилноста и придобивките од користење електрични возила. На настанот присуствуваа и учествуваа долгогодишни бизнис клиенти и соработници, заедно со невладината организација „Електромобилност“ и автомобилските добавувачи и партнери кои ја претставија својата гама електрични возила.
Долгогодишната стратегија на Прокредит Банка е насочена кон одговорноста од влијанието и транспарентноста од ефектот на нејзиното работење кон општеството. Извештајот за одржливост на Банката содржи детални информации за бизнис моделот, принципите и вредностите за работа кон клиентите и вработените, како и за сите активности за намалување на негативното влијание кон животната средина.
Високите стандарди за позитивното влијание врз животната средина се изразени и преку Политиката за заштита на животната средина во Прокредит банка, преку Системот за управување на животна средина кој се содржи од три столба: Интерен систем за управување со животната средина, Управување со ризикот од животна средина кај кредитирањето и Промоцијата на „Зеленото финансирање“, од која е дел и овој настан.
Во одлична атмосфера, присутните имаа можност да проследат презентација од страна на официјални претставници на Прокредит Банка, во која беше промовиран Еко Драјв кредитот, единствен кредит од ваков тип на пазарот, со најповолна каматна стапка. Воедно, повторно беше презентирана и мрежата од 21 полнач за електрични возила, достапни за целата македонска јавност, во секое време, уште една придобивка која ќе го направи купувањето на електричен автомобил подостапно за секого.
Свои обраќања имаа и претставниците на НВО „Електромобилност“ како и автомобилските добавувачи и партнери Порше, Олимпиа Моторс, Мида Моторс, ABC Brothers и Хамачи, кои ги презентираа електричните модели на производителите кои ги застапуваат.
ПР текст
Зачувувањето на животната средина е приоритет кој треба воедно да претставува и силен поттик за што повеќе настани, активности и иновативни решенија кои ќе придонесат за чиста и сигурна иднина.