Производите на „Пекабеско“ се безбедни за јадење, оцени Агенцијата за храна

by Фокус

Производите на македонската компанија „Пекабеско“ се безбедни за јадење, покажале анализите што ги извршила Агенцијата за храна и ветеринарство, за да ги провери нивните својства и квалитетот, откако неодамна се појави информацијата дека, наводно, во Република Српска биле забранети за увоз поради преголемо количество адитиви.

Анализите на Агенцијата за храна покажале дека посочените неколку спорни производи апсолутно ги задоволуваат стандардите и одговараат на барањата на Правилникот за адитиви.

-Агенцијата за храна и ветеринарство ги доби анализите од лабораториските испитувања на мострите од преработки од месо (чаден свински врат, голд пилешко филе, свински врат, шунка деликатес, пилешки стек и свински бут) земени во рамки на извршената вонредна инспекциска контрола од производствените капацитети на компанијата „Пекабеско“. Врз основа на извршените хемиски анализи за утврдување на евентуално присуство на полифосфати над максимално дозволените концентрации дефинирани со Правилникот за адитиви, со испитувањата потврдено е дека производите се безбедни, односно дека одговараат на барањата од Правилникот“, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

 

Поврзани новости