Програмата за плински уреди во возилата на седница на Влада во вторник

by Fokus

Во вторник на седница на Влада треба да помине новата програма за субвенции за вградување плински уред во автомобилите. Ова го соопшти денеска минситерот за економија Крешник Бектеши одговорајќи на новинарски прашања.

Тој додаде дека откако ќе помине програмата ќе се објави во Службен весник и ќе биде објавен огласот за поднесување барања за субвенции.

Со мерката за субвенционирање на трошоци за вградување уред за погон на ТНГ, метан или друг вид алтернативно гориво во постоечките возила се предвидува да се субвенцинира 50 отсто од цената на трошоците за набавка и вградување на уредот, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност за возило.

Предвидено е да бидат опфатени над 1.200 возила на годишно ниво

Поврзани новости