574
Откако Македонија ја погодија опасната бактерија листерија, заразната жолтица, овчата болест „син јазик“ и откако од Африка ни се закани ебола, Владата на Република Македонија беше присилена да прогласи епидемија на најстрашната болест – „наебола“!
За дополнителна заштита од овој „опак“ вирус властите ги предупредија граѓаните да не гледаат директно во цените на лебот, цигарите и на бензинот, како и во сметките за струја и за парно. Тие алармираат дека најкритично е пред банкоматите, „наеболата“ е лоцирана и во празните паричници, додека експертите советуваат луѓето да ги следат владините инструкции, бидејќи во спротивно – тек тогаш ќе „наеболат“!