Комисијата за заразни болести во Министерството за здравство информира дека е прогласена ограничена епидемија на морбили на територијата на општина Гази Баба.
Од Комисијата информираат за примени пет пациенти со симптоми на морбили, кои во текот на денот се докажани на Клиниката за инфективни болести како морбили, со серолошка специфична реакција. Пациентите се во стабилна и добра општа состојба.
Министерството за здравство во соработка со Центар за јавно здравје Скопје и Институтот за јавно здравје почнува вакцинација на сите лица на возраст од 6 месеци до 60 години, доколку не се вакцинирани или не се потполно вакцинирани на територијата на општина Гази Баба во областа „Кванташка депонија”, а Центарот за јавно здравје Скопје и Институтот за јавно здравје ќе спроведат засилен епидемиолошки надзор, проверка на вакциналниот статус и стручно методолошка помош на превентивните тимови за имунизација на целата територија на Град Скопје .