627
Членовите на професорскиот пленум, кој треба да го поддржи денешниот студентски протест, се собира во холот на Филозофскиот и Филолошкиот факултет во рамки на УКИМ,
Тие се формирани за да ги подржат барањата на студентскиот пленум и најверојатно ќе застанат на чело на колоната од студетскиот кампус до владата, која ќе маршира против државниот испит.
Пред присутните се обрати Огнен Чемерски, професор на Филозофскиот факултет, кој рече дека овој пленум е конструктивна идеја што доаѓа како резултат на неактивноста на професорите.
– Секогаш сме потенцирале дека има проблеми во високото образавание, но сега дојде време ние да бидеме креатори на политики во образованието за да го фатиме редот во образовниот процес – рече Чемерски.