Епидемиологот и член на Научниот совет на Франција, професор Арно Фонтане за РТЛ изјави дека по пандемијата со Ковид-19, се надева на враќање на нормалниот живот во последниот квартал од 2021 година. Но, според него, за тоа ќе треба поголема дистрибуција на вакцините.
– Првата цел е да се вакцинираат најранливите. Втората цел е да се запре ширењето на вирусот. За ова ќе биде потребно да се допре до најмладите и да се прошири опфатот за вакцинација кај децата. Штом потврдиме дека нема сериозни негативни ефекти од вакцината, тогаш ќе можеме да ја намалиме старосната граница, посочи проф. Фонтане.
- Advertisements -
Тој додаде дека несакани ефекти од вакцините се можни, но многу ретки.