Проекција на Си Ен Ен: Засега Бајден со 30, а Трамп со 37 електорски гласови

by Fokus

Почнаа да пристигнуваат првичните резултати од претседателските избори во САД, каде се натпреваруваат републиканецот Доналд Трамп и кандидатот на демократите Џо Бајден.

Според делумно преброени гласови, Си Ен Ен проектира дека засега Бајден добива 30, а Трамп 37 електроски гласови.

Според Си Ен Ен, Трамп победува во Кентаки, Оклахома, Индијана и Тенеси, а Бајден во далавер, Дисктрикт Вашингтон, Мериленд, Масачусетс и Вермонт.

Во клучната државата Флорида, која носи дури 29 електроски гласови се води „мртва“ трката и наизменично двајцата кандидати преминуваат во водство.

Гласачите не гласаат директно за Трамп или Бајден, туку избираат електори (гласачи), демократи или републиканци, кои во декември формално бираат претседател (Изборен колеџ).

Во 48 од 50 држави важи правилото според кое кандидатот за кого во државата гласале мнозинство од гласачите, автоматски ги добива гласовите на сите електори во таа држава. Само во државите Мејн и Небраска, гласовите на електорите можат да се делат пропорционално меѓу кандидатите во зависност од добиените гласови. Вкупно има 538 електроски гласови, а за место во Белата куќа потребни се 270.

Поврзани новости