Проектот за пречистителната станица вреден над 130 милиони евра бил почнат во време на СДСМ, заемот го потпишала министерката за финансии, Нина Ангеловска во 2019 година, а тендерот го распишал тогашниот дирекор на скопски Водовод, Душко Весковски заедно со тогашниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, тврди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за проектот којшто ги скара со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Но, иако проектот го почнала ривалската партија сепак Мицкоски вели дека тој е голем проект финансиран од Еворпски фондови кои досега процениле дека се почитувани сите правила и процедури.
Тој вечерва во интервју на телевизија Сител ги повика истражните органи да го испитаат случајот и да истражат дали има направено некакви злоупотреби.
Тој порача дека партијата се уште има мнозинство во Град Скопје и дека ќе ги поддржат сите проекти кои биле дел од концептот кој го понуди Арсовска кога победи на изборите.