412
Агенцијата за филм на Македонија направи контрола во врска со доделувањето средства за снимање на серијата „Македонија“, при што се утврдени пропусти, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
– Средствата биле доделени на продукцијата „Јадран филм“ и требало да се направи проект играна серија „Македонија“, но во согласност со утврдениот термин, 4 септември 2017, првиот дел од серијалот ниту бил снимен, ниту бил испорачан, а парите во износ од 1,2 милиони евра се префрлени – рече Бошњаковски.
Тој истакна дека вчера на владината седница се донела одлука дека остатокот од парите, 4,6 милиони евра, нема воопшто да бидат префлени, а ќе се бара одговорност и за овие пари кои веќе се префрлени, бидејќи сервисот не бил доставен.