Скопје утре под полициска опсада, ќе се објави пресудата за Диво Насеље

by Fokus

Министерството за внатрешни работи информира дека утре ќе бидат затворени дел од сообраќајниците бидејќи ќе се одржи судско рочиште за случајот „Диво насеље,,

– Од тие причини ве известуваме дека сообраќајот на  сообраќајниците по кои ќе се спроведуваат обвинетите и сообраќајниците околу зградата на Основниот суд Скопје, повремено ќе биде пренасочен за останатите учесници во сообраќајот – се наведува соопштението на МВР.

Како што дознава „Фокус“, поради проценет голем безбедносен ризик, полициски единици ќе бидат распоредени на повеќе локации низ главниот град,

Од неодамна, беше зголемено и полициското присуство во близина на неколкуте затвори, каде што се наоѓаа обвинетите во Диво Насеље.

Поврзани новости