Продолжуваат судењата за „Монструм“ и „Тарифа“

by fokus

Во Кривичниот суд во Скопје денеска ќе продолжи судењето за предметите на Специјалното јавно обвинителство, „Монструм“ и „Тарифа“.

Судењето за случајот „Монструм“ на СЈО, за петкратното убиство кај Смилковско езеро треба да продолжи со репродуцирање на снимка од исказот на обвинетиот Хаки Азири дадена пред јавен обвинител.

Денеска треба да продолжи и судењето за случајот „Тарифа“ на СЈО, во кој обвинети се поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ Дејан Бошковски и уште други две лица.

Поврзани новости