397
Претставници на четирите најголеми политички партии денеска во 13 часот во Клубот на пратенците продолжуваат со преговорите за имплементација на договорот од Пржино, по паузата од десетина дена.
На дневен ред треба да бидат измените на Изборниот законик, прочистување на Избирачкиот список, гласањето на дијаспората, надежностите на Државната изборна комисија…
Во овие разговори со посредништво на Белгиецот Питер Ванхојте, учествуваат Дамјан Манчевски и Цветанка Иванова од СДСМ, Никола Тодоров и Никола Поповски од ВМРО-ДПМНЕ, како и претставници од албанските ДУИ и ДПА.