Малески за Нова: Проблемот не е во нестабилна, туку во неконтролирана власт

by Фокус

Првиот човек на владејачката партија не разбрал се уште дека проблемот во македонскиот политички систем не е во слабата власт па дека таа треба да се зајакнува, туку во неконтролирната власт. Ова во интервју за Нова ТВ го вели универзитетскиот професор и поранешен министер за надворешни работи Денко Малески, откако премиерот Никола Груевски јавно предложи победникот на следните парламентарни избори да добие бонус од 17 пратеници за да има постабилна власт. Ова го одби опозицијата, но и албанската ДУИ.

– Самата таа идеја за воведување на некаков бонус на добитничката партија, за да може уште поцврсто да вледее, е идеја на Бенито Мусолини кој ја афирмира на изборите во 1924 година и со тоа си обезбедува 20-годишна диктатура над Италија, која завршува како што знаеме во Втората светска војна, а ја знаеме и неговата лична судбина. Тоа се применува само во две-три земји во Европа, во Грција, во Италија и во малата град-држава Сан Марино. Кога на Англичаните им било предложено да се воведе таков бонус систем, луѓето од колевката на демократијата со 97 проценти отфрлиле секакво размислување за тоа – објаснува Малески.

Поврзани новости