378
По неколкудневна пауза, откако посредникот Питер Ванхауте замина во Брисел, денеска во Клубот на пратеници продолжуваат разговорите за постигнување на договор за регулирање на медиумската област.
Ванхауте како краен рок за договор го утврдил петок, до кога претставниците на четирите големи партии – ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА треба да договарат за однесувањето на медиумите и на новинарите.
Инаку, Здружението на новинари и Синдикатот на медиумски работници побараа да бидат вклучени во процесот на договарање на условите за работа на новинарите, или во спротивно нема да го признаат договорот и ќе повикаат медиумите да ги бојкотираат изборите.