562
Работната група за имплементација на Договорот од Пржино денеска се очекува да ја продолжува својата работа и на состанок закажан за доцна попладне, кога партиските претставниците треба да направат уште еден обид да ги приближат своите ставови околу прочистувањето на избирачкиот список и реформите во сферата на медиумите.
На барање на СДСМ, паралелно ќе се дискутира и за двете теми и договор ќе има само ако партиите ги усогласат решенијата по двете прашања.
Додека преговорите продолжуваат, ВМРО-ДПМНЕ, не покажува никакви знаци на конструктивност.