Буџетот за Јанева го мина првиот собраниски филтер

by Фокус 11:52
11:52

Парламентарната Комисија за финансирање и буџет го одобри финансискиот план на специјалната обвинителка Катица Јанева за кој е потребно релокација на средства од централниот буџет.

Предлогот го образложи министерот за финансии, Зоран Ставрески, кој рече дека за 2016 година на Јанева ќе и бидат префрлени околу 4 милиони евра, согласно финансискиот план.

- Advertisements -

Ставрески вели дека средствата се наменети за плати и надоместоци, за трошоци за време на постапките, средства за професионална надградба на обвинителите и така натаму.

Сега, буџетот треба да се најде и на пленарна седница на Собранието неделава, на која ќе се гласа за финално одобрување.

Поврзани новости