Продолжуваат обвинувањата: Само еден објект на Славија вреди 300.000 евра

by Фокус

СДСМ сака Славија да ја продаде за 218.535 евра, со целиот свој имот и земјишта и сите објекти кои што вредат над 20 милиони евра, при што само објектот на Рузвелтова вреди многу повеќе од 218.000 евра, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

-Само ова земјиште позади со објектот според одредени проценки чини над 300.000 евра. Значи 300.000 евра на сред Рузвелтова во Скопје. Ова што се обидува власта да го направи со продажбата на АД Славија е вистински криминал во најава, раскрчмување на државниот имот и обезвреднување пред продажбата – рече Арсовски.

Тој повторно повика да се стопира одлуката за продажба на Славија под вакви услови, каде што, според него. СДСМ ќе ја оштети државата.

Од СДСМ, пак, реагираа дека цела вина за раскрчмувањето и распродажбата на имотот на Славија лежи во ВМРО-ДПМНЕ и нивните Влади од 2012-2017 година.

„Во периодот од 2012 – 2017 ВМРО-ДПМНЕ распродала 70 отсто од имотот на АД Славија. Со тајни продажби, зад затворени врати, по неповолни и ниски цени, се распродавани десетици дуќани и локали, некогашни маркети на Славија, во Скопје и низ државата, кои денес се во сопственост на приватни компании“, истакнаа од СДСМ.

Поврзани новости