Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 41 степен.
Во Скопје и околината ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 38 степени.
Потоа во петок ќе продолжи сончевото и многу топло време со мала до умерена локална облачност, во попладневните и вечерните часови, особено во северните предели ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град.
Локална нестабилност, особено во попладневните часови ќе има и во сабота додека од недела атмосферата повторно ќе биде постабилни, иако ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и ретки грмежи во попладневните часови.
Максималните дневни температури ќе бидат многу високи и во петок и ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 41 степен, во сабота максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39 степени, пониски температури за 3 до 5 степени ќе има во недела кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Подготви: Славчо Попоски