Охрид најавува засилени контроли на плажите за мерките за ковид-19

by Фокус

Поради зголемениот број на посетители во Охрид и во пресрет на продолжениот празничен викенд, општината најави засилени контроли на терен за почитувањето на мерките за ковид-19.

„Инспекторите на државните инспекторати, заедно со екипи на Инспекторатот при Општина Охрид ќе спроведуваат заеднички и координирани контроли и ќе вршат инспекциски надзор на плажите, угостителските и сместувачките капацитети, во делот на почитување на законските прописи за поставување на урбана опрема и почитување на протоколите за превенција од коронавирусот“, стои во заклучоците на Општинскиот кризен штаб.

Поради најавите за организација на бројни музички настани на повеќе локации на отворено, на кои се очекува да присуствуваат голем број на посетители, Кризниот штаб на Општина Охрид им порача организаторите да не ги организираат настаните, доколку немаат капацитети за почитување и спроведување на посебните протоколи за работа.

„Исто така, се упатува препорака и до сопствениците на локации на кои се закажани овие настани, да не ги изнајмуваат локациите за организација на музички настани од масовен тип, доколку не постојат услови за почитување на одредбите од овој Протокол“, се наведува во соопштението.

Поврзани новости