362
Денеска продолжува судскиот процес за случајот „Ќелија“ со оцена за обвинителниот акт. На претходното рочиште шестмина од вкупно 11 обвинети изразија подготвеност да признаат дека учествувале на боиштата во Сирија во замена да се спогодат со обвинителството за помала казна.
Обвинителот Владимир Милошевски рече дека осомничените почнале да се подготвуваат за извршување на кривичното дело во октомври 2014 година. Тој пред судот тврдеше дека има цврсти докази, кои недвосмислено покажуваат дека обвинетите биле на боиштата во Сирија.