551
Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште за предметот на СЈО „Траекторија“.
Во случајот обвинети се екс премиерот Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски.
Тие се осомничени дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања.
Според СЈО, тие нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155.117.172 евра и за истиот износ на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист.