Продолжува судењето за случајот „Насилство во општина Центар“

by fokus

Продолжува судењето за насилните протести во општина Центар и нарачката на шамари за поранешниот градоначалник на општината, Андреј Жерновски.

Претходното рочиште се одложи поради отсуство на обвинетиот Милан Андоновски поради боледување, за што обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Фатиме Фетаи побара да му се изрече мерка притвор како механизам за обезбедување на негово присуство, но судот го одби предлогот како неоснован иако Андоновски отсуствуваше на три судски рочишта.

Во овој случај на СЈО, обвинети се екс лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова и уште девет лица.

На денешното судско рочиште за „Насилство во општина Центар“ во Кривичниот суд не беше присутен обвинетиот Милан Андоновски поради боледување, на што реагираше обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи, барајќи да му се изрече притвор како механизам да обезбеди негово присуство. Судот го одби предлогот за мерка притвор како неоснован.

На претходните рочишта за овој предмет, вина за настаните пред општина Центар во јуни 2013 година признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски кои на посебно судење од останатите обвинети добија условни казни.

Инаку, обвинетите во предметот „Насилство во Центар“ се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

Поврзани новости