504
Денеска во скопскиот Кривичен суд продолжува судењето за нападот врз министерката за одбрана Радмила Шекеринска, за настаните во Собранието од 27 април, познат како крвавиот четврток.
Претходно, судењето се одложи бидејќи напаѓачот 65-годишниот Панче Ангелов воопшто не се консултирал со својот адвокат, кој му е поставен по службена должност.
Адвокатот на обвинетиот, Драган Пешевски тогаш побара од судот да се одложи рочиштето бидејќи според она што го видел од записниците, неговиот клиент бил правно неук, па морал дополнително правно да го посоветува бидејќи денеска за првпат се виделе во судница.