411
Нови рочишта денеска во Кривичнит суд треба да се одржат за предметпт „Титаник 3“.
Судењето за предметот „Титаник 3“ на СЈО што требаше да почне на 27 април во Кривичниот суд, беше одложено за денеска, а причина за одложувањето беше е неприсуството на адвокатот Миланко Еленов.
Судењето за овој предмет беше одложено и на 16 март поради неприсуство на првообвинетиот Ејуп Алими, кој, како што информира тогаш неговиот адвокат, како координатор на пратеничката група на ДУИ бил на службено патување во Албанија.
Во предметот „Титаник 3“, покрај Алими, обвинет и Исмет Гури, член на Општинската изборна комисија за општина Чаир. Двајцата се товарат за „уништување изборен материјал“.