Продолжува судењето за Дива Населба

by Фокус

Ново судско рочиште за случајот Дива Населба  ќе се одржи денеска во Основниот суд Скопје 1. Во настаните од мај минатата година обвинети се 29 лица. Тие се товарат за сторени кривични дела „терористичка организација” и „тероризам”.

Обвинителството во случајот повика 40 заштитени сведоци, досега сведочеа само неколкумина. Како сведоци беа повикани и неколку жители на Дива Населба.

На 7 декември минатата година сите 29 обвинети лица за тероризам пред Советот од судии на Основниот суд Скопје 1 се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делото „тероризам“.

Поврзани новости