Заев: Не можам да кажам дали Договорот од Пржино е мртов

by Фокус

Откако на вчерашната прес конференција претседателот на СДСМ, Зоран Заев, соопшти дека неговата партија нема да учествува на изборите на петти јуни, одговараше и на прашања од новинарите. За Договорот од Пржино рече дека не може да каже дали уште важи.

-Не можам да кажам дали договорот од Пржино е мртов. Остануваат деновите пред нас, да се димензионираат сите политики, на опозицијата, но и на власта, и согласно со тоа сите ќе можеме на крајот да извлечеме констатации и заклучоци, одговори Заев на новинарско прашање.

За тоа дали Уставниот суд може да го укине Специјалното јавно обвинителство, Заев рече дека со Никола Груевски се е можно.

-Сѐ е можно во нашата Македонија. Никола Груевски и сѐ е можно. Остануваме да се бориме сите, рамо до рамо со целата демократска јавност. Секој патриот, секој верен поддржувач на слободата и демократијата знае дека без слободни избори не може да се дојде до таа толку посакувана слобода и демократија. Продолжуваме да се бориме без разлика на што сѐ е спремен овој автократски режим, рече Заев.

Поврзани новости