Продолжува судењето на Чауш

by Фокус

Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето за Захир Бекири – Чауш, кој е обвинет за фалсификување на лични документи во аферата „Фабрика за лични карти“.

Обвинетиот Чауш побара на денешното рочиште да присуствуваат косовскиот амбасадор и претставници на невладини организации.

Воедно, тој побара судењето да се снима.