Продолжува стабилното и МНОГУ ТОПЛО време

by Fokus

До крајот на денов времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец и истиот особено Долж Повардарието ќе засилува. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец и истиот повремено ќе засилува, максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 28 степени. И во текот на следните неколку денови под влијание на претежно стабилна и многу топла воздушна маса од југ, времето кај нас ќе биде сончево и многу топло со умерена локална облачност. Повремено и локално ќе има малку повеќе облаци но врнежи не се очекуваат. Особено утре и во петок на повеќе места ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец, повремено на некои места ветерот ќе биде и СИЛЕН.

Максималните дневни температури, од утре ќе бележат тенденција на уште поголем пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени. Во најтоплите предели од државава истите се очекува да се искачат до околу 35, 36 степени.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости