456
Целодневниот штрајк на судската администрација продолжува и денеска, откако вработените во судовите се собираат на мирен собир пред судовите од 10 до 11 часот, се работат само итните и притворските предмети.
Судската администрација бара измена на законот за судска служба, исплата на 5 ветени проценти за целата администрација, зголемување на платите на судските службеници и враќање на работното време од 7 и пол до 15:30.
Денеска штрајкот го поддржаа сите членови на синдикатот и на Управниот суд, од каде велат дека често се заборавени од медиумите, но и овој суд се соочува со низа проблеми кои се таложат со години.