Се уште се одолговлекува расправата за извештајот на СЈО

by Фокус 11:56
11:56

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците денеска повторно закажа расправа за Извештајот за работата на Специјалното јавното обвинителство, откако претседателот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ го трипати ја одложува седницата поради неприсуството на обвинителката Катица Јанева.

Иако Јанева тврди дека нема обврска да присуствува на седницата на која се разгледува нејзиниот извештај, Ѓорчев смета дека ваквиот однос претставува негирање на Законодавниот дом и инсистира на присуството на специјалната јавна обвинителка.

- Advertisements -

– Јанева не го почитува Уставот – истакна вмровскиот пратеник и на денешната седница.

Горан Сугаревски, координатор на пратеничката група на СДСМ, пак, претходно на прес-конференција порача дека опозицијата нема да присуствува на овој театар во режија на владејачката партија.

– Може да се расправа и без присуство на специјалната јавна обвинителка – истакна Сугаревски.

Поврзани новости