Вработените од стручната служба на Судскиот совет и денеска излегоа на протест пред влезот на објектот и побараа повисоки додатоци за плата во износ од 30 отсто, како и потпишување анекс-договор за измена на колективниот договор.
– Сметаме дека барањата се реални и не предизвикуваат големи фискални импликации , бидејќи се работи за 30 вработени во службата. Ние вработените во Судски совет на РСМ како самостоен, независен, и највисок орган на судството сме со најниски плати во однос на судската администрација сме ставени во понеповолна положба бидејќи за истите во два наврати е дозволено покачување на плата, така што во моментов судската администрација зема 35% поголема плата- од нас .
Во овој момент административните службеници со највисоки звања во Советот земаат скоро просечна плата, а да не зборувам за тие со најниски звања, а од нас се бара извршување на сложени работи, работата е под притисок и истата е изложена пред целата јавност. Очекуваме овие барања да се прифатат во најкус можен рок, во спротивно продолжуваме со активности согласно законот, вели претседателката на синдикалната организација на Судски совет, Азбие Беќир.