Продолжува прекршувањето на полицискиот час и неносењето на маски

by Fokus

Забраната за движење од 20.00 часот (13.04.2021) до 05.00 часот (14.04.2021) не ја почитувале 27 лица, а во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 435 прекршоци.

Во денешното соопштение Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

Поврзани новости