ЕК следната година нема да ги обнови договорите со „Астра Зенека“ и „Џонсон и Џонсон“

by Fokus

Европската комисија донесе одлука да не ги продолжи договорите за набавка на вакцини против ковид-19 со компаниите „Астра Зенека“ и „Џонсон и Џонсон“ следната година, пишува „Ла Стампа“ повикувајќи се на извор од италијанското Министерство за здравство, пренесува Ројтерс.

-ЕК, во договор со лидерите на многу земји (ЕУ), одлучи дека договорите со компании што произведуваат (векторски) вакцини, кои важат за тековната година, нема да бидат обновени по истекот, пренесува Ројтерс повикувајќи се на италијанскиот дневен весник.

Се додава дека Брисел повеќе би сакал да се фокусира на вакцините што користат технологија на МРК, како што се „Фајзер“ и „Модерна“.

Исто така, се вели дека ЕК бара објаснување од „Џонсон и Џонсон“ во врска со „целосно неочекуваната“ најава за доцнење во испораката на вакцини против ковид-19 до Унијата, изјави за Ројтерс вчера официјален претставник на ЕУ.

Вакцината на „Астра Зенека“ изминатиов период се соочи со проблеми околу нејзината безбедност, по случаите на тромбоза во повеќе европски земји, поради што беше поставена возрасна граница за вакцинирање над 60 години.

Американските здравствени власти вчера препорачаа „пауза“ во употребата на вакцината на „Џонсон и Џонсон“ поради случаи на појава на згрутчување на крвта.

Поврзани новости