Со симболично делење на јубилејниот петилјадити број на весникот „Вест“ од страна на штрајкувачкиот одбори на „Вест“, „Утрински“ и на „Дневник“ денеска се одбележува петтиот ден од штрајкот на новинарите и на медиумските работници во редакциите на Медиа принт Македонија.
Прекинот на работата заради неисполнетите барања за плата и за хонорари продолжува. ССНМ и штрајкувачките одбори уште еднаш потенцираат дека станува збор за легитимна акција која не е со цел да се наруши угледот на весниците ниту на МПМ. Токму спротивното.
-Во заеднички интерес на сите е опстанокот и успешно работење на брендовите во чие што градење многумина кои денес штрајкуваат се вклучени со сиот свој професионален и човечки капацитет. Mенаџментот упорно одбива средба со претставниците на штрајкувачкиот одбор.Тензиите се зголемуваат. Со тоа и неизвесноста. Зголемувањето на времето на штрајкот е директeн резултат на однесувањето на менаџментот, велат од новинарскиот синдикат.
Новинарите и медиумските работници денеска добија поддршка и од прогреснивните синдикати на УПОЗ, СИЕР, АГРО и на СУДКОС.