Николовски: „Македонски шуми“ барале извоз на огревно дрво, Министерството лаже

by Фокус

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска објави документи според кои министертсвото и директорот на ЈП Македонски Шуми, Жарко Караџоски бараат извоз на огревно дрво и побара оставка од министерот Михаил Цветков.

-Кого штити Министерството кога вели дека се извезувал опожарен бор? Факт е дека во барањето на ЈП Македонски Шуми стои дека се бара извоз на близу 30.000 метри кубни огревно дрво. Факт е дека Министерот Цветков одобрил извоз на 29.028 метри кубни огревно дрво. Иронијата да биде поголема, овој извоз Караџовски го бара со образложение дека побарувачката на огревно дрво во Република Македонија во 2015 година, се задоволува со домашно производство и има вишок на дрвна маса која може да се извезе, изјави заменик-министерот Николовски.

Николовски се пожали дека воопшто не се почитува Договорот од Пржино и тој како заменик-министер воопшто нема увид во одлуките кои Цветков ги носи, а за тоа најави извештаи кои ќе бидат презентирани пред амбасадорите на меѓународната заедница и еврокомесарот Јоханес Хан кој доаѓа во земјава во петок.

Поврзани новости