473
Работните групи за спроведување на Договорот од Пржино денеска по тринеделна пауза продложија со преговорите. Главни прашања за кои треба да се договорат се прочистувањето на Избирачкиот список и регулацијата на медиумите.
Се очекува денешните преговори да бидат само загревање, а во наредните денови средбите да се интензивираат за да се дојде до конечно решение и да се создадат услови за спроведување на предвремените избори.
Загриженост за неисполнувањето на обврските од Договорот од Пржино, токму во делот на слободата на медиумите вчера изразија и тројцата европратеници Вајгл, Кукан и Ховит, кои порачаа партиите да не губат време за итно спроведување на реформите.