Продолжениот викенд за 11 октомври ќе се купува без ДДВ

by fokus

Една милијарда денари или 17 милиони евра се предвидени за остварување на мерката „Викенд без ДДВ“, што ќе се реализира продолжениот викенд на 10, 11 и 12 октомври годинава.

Министерот за финансии Фатмир Бесими, на прес-конференција за вториот ребаланс на Буџетот, кажа дека во зависност од тоа како ќе се покаже мерката и ако има импакт врз економијата, ќе се одлучи дали ќе се користи и во иднина.

Законските измени вчера веќе поминаа на седница на Влада и во текот на денешниот ден ќе оди на Собрание.

Враќањето на дел од ДДВ преку оваа мерка ќе важи само за граѓаните кои се регистрирани и ја користат апликацијата на Управата за јавни приходни за скенирање на сметки „МојДДВ“.

Согласно законските измени, за време на претстојниот продолжен викенд на 10, 11 и 12 октомври, граѓаните за прометот на домашни производи и услуги како и за компјутерска опрема кој не надминува 30.000 денари по лице ќе добијат целосен поврат на ДДВ-то.

Поврзани новости