Продолжен карантинот во Италија до 13 април

by fokus

Италијанскиот премиер Џузепе Конте вечерва ја продолжи мерката за општа изолација во државата најмалку до 13 април.

– Се уште не сме достигнале услови што ќе ни овозможат да ги укинеме мерките. Јас само потпишав указ за продолжување на сегашниот режим на ограничувања до 13 април, рече Конте во телевизиското обраќање. Мерките требаше да завршат на 3 април.

Конте ги повика Италијанците да ги почитуваат ограничувањата за време на велигденските празници.

Следната фаза ќе биде почетокот на укинување на изолацијата и ќе почне само кога експертите ќе кажат дека е можно, додаде Конте. Трета фаза ќе биде да се излезе од кризата и да се продолжи со нормалниот живот.

Започнувањето и крајот на секоја фаза ќе бидат решени по консултација со Научниот и техничкиот комитет, кој и помагаат на Владата уште од почетокот на кризата.

Поврзани новости