Проблемот со наставата во Идризово ќе се решава со изградба на ново училиште

by Фокус

Се договоривме да изнајдеме долгорочно решение за изградба на ново училиште во Идризово, и не само за децата Албанци туку за сите деца во селото, рече министерот за образование Арбер Адеми по средбата што ја имаше со жителите на Идризово, со цел да се надмине проблемот што настана откако децата-Албанци од шесто одделение одбија да посетуваат настава од причина што нема можност за следење на наставата на албански јазик.

-Но, во меѓувреме консултациите продолжуваат. Наредните денови, почнувајќи уште од утре, иако не е недела, ќе продолжиме да бараме решение што е прифатливо за децата од шесто одделение – рече Адеми.

На средбата уште присуствуваа пратениците од ДУИ и СДСМ, Артан Груби и Мухамед Зекири, како и градоначалникот на Гази Баба Борис Георгиевски, кој изрази надеж дека од утре ќе се најде краткорочно решение за проблемот со цел децата да не губат настава, додека не се реализира долгорочното решение со изградба на нова училишна зграда.

Поврзани новости