933
Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо беше полесно повреден на натпреварот од 7. коло во Серија А против Лацио (1:1).
Португалскиот ас беше заменет во 76. минута на денешната средба во Рим. Тој накривнуваше при напуштањето на теренот, а во Јувентус стравуваат за тежината на повредата.
Јувентус по седум натпревари има 13 бода и во моментов е на 4. место на табелата во Серија А.