Истепана и ограбена жена во Кочани

by Fokus

Во петокот вечерта, жена од Кочани била физички нападната од едно непознато лице, при што била ограбена, а таа била хоспитализирана на Клиничката болница Штип.

„На 07.11.2020 во 08.53 часот било пријавено дека на 06.11.2020 околу 22.00 часот во Кочани едно лице физички ја нападнало З.Ш.(58) од Кочани и ѝ одзело чанта со пари и мобилен телефон. З.Ш. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости