440
Фудбалерот на Реал Мадрид, Иско Аларкон, успешно е опериран по воспалението на слепото црево, објави европскиот шампион.
– Иско успешно е опериран поради воспалено слепо црево. Операцијата беше спроведена под надзор на медицинскиот тим на Реал и неговото закрепнување ќе продолжи да се следи, информира тимот од „Сантијаго Бернабеу“.
Тренерот на Реал, Хулен Лопетеги се надева на брзо враќање на играчот од средниот ред.
– Му посакуваме се најдобро и брзо закрепнување, напиша Лопетеги.
Еден од најдобрите играчи на Реал ќе ги пропушти средбите со Севиља, мадридското дерби против Атлетико, како и репрезентативните настапи на Шпанија против Велс и Англија.