Пробиени канцелариите на побунетите синдикати, исфрлен мебелот и документите

by fokus

 

Четирите синдикати, кои беа исклучени од ССМ, пријавија кражба, откако во саботата целиот мебел и документација им биле изнесени од нивните канцеларии во зградата. За ова го обвинија претседателот Живко Митревски, кој велат дека на овај начин сака да демонстрира моќ.

-Се собравме по добиениот повик од наши подржувачи, каде сме известени дека Митревски не иселил насилно сосе сите документи од нашите канцеларии- рече Дарко Димовски в.д. претседател на ССМ.

Живко Митревски пак, останува на ставот дека синдикалците се легитимно отстранети од зградата.

-Согласно законските процедури и Статутот на ССМ на тие синдикати им престанува правото на користење на нивниот инвентар. Со оглед на тоа што не го подигнаа од службите кои се грижат за зградата, во процедура се иселени од надлежни служби за што и добија информации каде можат да го подигнат инвентарот – вели Митревски за тв24.

Инаку, со случувањата во ССМ се занимава и Јавното обвинителство, но досега не кажало никакви детали за постапката.

Поврзани новости