Приведено едно лице од Куманово, полицијата нашла дрога

by Fokus

Министерство за внтрешни работи соопшти дека по претрес во Kуманово е уапсено едно лице кај кое е пронајдена дрога.
-Вчера полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ја лишиле од слобода С.М.(24) од Куманово. При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР

Поврзани новости