Приведено лице во Лозово кое вршело поткуп на гласачи за независниот кандидат

by fokus

Попладнево во Лозово полицијата приведе едно лице кое поткупувало гласачи, а лицата кои добивале пари се потпишувале дека примиле пари.

„Фокус“ неофицијално дознава дека лицето вршело поткуп за независниот кандидат за градоначалник на општина Лозово, Јордан Павлов.

-Во 17.30 часот во с. Милино, општина Лозово полициски службеници од ОВР Свети Николе го привеле Б.А.(50) од с. Милино, по претходно добиени оперативни сознанија дека врши поткуп во врска со претстојните локални избори, при што давал и нудел пари, а лицата кои добивале пари се потпишувале на документ дека примиле пари. Лицето е лишено од слобода по член 162 ст.1 и 2 вв ст 3 „поткуп при избори и гласање“ и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од МВР.

К.С.Б.

Поврзани новости